ТРАГИЧЕН КРАЈ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ – Апел за помош за семејството на Стивен Ивановски

Семејството апелира за финансиска помош за покривање на погребните трошоци по трагичната смрт на момчето во пожар во Швајцарија

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ – Апел за помош за семејството на Стивен Ивановски
Фото: Принтскрин

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично го загуби животот во пожар за време на новогодишната прослава во локалот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, апелира за донации со цел да се покријат трошоците за неговиот погреб.

На кобната прослава Стивен бил заедно со својата сестра, која, за среќа, преживеала. Според објавата на Македонското друштво „Пианец“ во Швајцарија, сестрата во моментот на избувнувањето на пожарот излегла надвор да земе воздух, што ѝ го спасило животот.

„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Страшна судбина на едно братство“, објавија од друштвото на социјалните мрежи.

Оттаму информираат дека се отворени трансакциски сметки за да им се помогне на родителите да ги покријат погребните трошоци и да добијат финансиска поддршка во овој тежок период на жалост, кога болката дополнително се надоврзува со материјални грижи.

Како што претходно соопшти Македонското друштво „Пианец“, погребот на Стивен се одржа вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил, Швајцарија.

Жиро-сметка за донации во Македонија:
300057104118092 – Комерцијална банка
На име: Александра Ивановска (мајка на Стивен)

CATEGORIES
TAGS
Share This