ЛИШЕНИ ДВАЈЦА ВОЗАЧИ Управувале возила под дејство на алкохол

На 08.01.2026 во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.
На 08.01.2026 во 22:10 часoт во с.Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.С.(48) од Куманово. При сообраќајна контрола е сопрено возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


