ПЛАНИРАН ЗАФАТ НА ЕВН Дел од Долно Соње денеска без струја поради работи на мрежата

ПЛАНИРАН ЗАФАТ НА ЕВН Дел од Долно Соње денеска без струја поради работи на мрежата

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во скопскиот регион ќе останат без електрична енергија.

Како што информира Регионален центар за управување со кризи – Скопје, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 9:00 до 14:00 часот.

Без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од Долно Соње, поточно на потегот од продавницата кон селото Чифлик, во рамки на Општина Сопиште.

Надлежните служби наведуваат дека прекинот е поради неопходни технички активности и апелираат до граѓаните за разбирање.

CATEGORIES
Share This