ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Дождот ќе донесе снег

Денешниот ден ќе помине во знакот на променливо облачно време, со појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува јужен ветер со умерен интензитет, кој на одделни места повремено ќе засилува. Утринските температури ќе бидат релативно благи и ќе се движат меѓу 7 и 11 степени, додека дневниот максимум ќе се искачи од 11 до 14 степени.
Во главниот град се очекуваат слични временски услови – наизменична облачност со можност за краткотраен дожд и присуство на умерен ветер од југ. Температурата во утринските часови ќе биде околу 9 степени, а во текот на денот ќе достигне приближно 13 степени.
Во среда се најавува поизразена промена на времето. Врнежите од дожд ќе зачестат и на повеќе места ќе бидат интензивни, особено во попладневните часови и во текот на ноќта, кога локално може да наврнат над 25 литри дожд на метар квадратен. Во западните предели дождот постепено ќе преминува во снег. Истовремено ќе дува силен јужен ветер, со удари кои ќе надминуваат 60 километри на час.
Со навлегување на постудена воздушна маса од север, во четврток времето дополнително ќе се залади, а врнежите на повеќето места ќе бидат во форма на снег. Во западните краишта се очекува создавање нова снежна покривка. Во петок ќе има краткотрајна стабилизација на времето, но за време на викендот повторно се најавуваат локални врнежи, претежно од дожд во пониските и од снег во повисоките предели.


