СЕ ОБЛОЖИ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА ОПЕРАЦИЈА И ПОГОДИ – Падот на Мадуро му донесе 430.000 долари

Обложувањето било направено во момент кога шансите за интервенција биле проценети на само шест проценти.

СЕ ОБЛОЖИ ПРЕД АМЕРИКАНСКАТА ОПЕРАЦИЈА И ПОГОДИ – Падот на Мадуро му донесе 430.000 долари
Фото: Принтскрин

Онлајн трговец кој се занимава со предвидување на пазарни настани се обложил само еден ден пред американската воена операција дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро ќе биде соборен од власт – облог што му донел профит од неколку стотици илјади долари, објавија американските медиуми.

Според „Волстрит џурнал“, непознат инвеститор вложил повеќе од 30.000 долари на платформата за предвидувања „Полимаркет“, обложувајќи се дека Мадуро ќе ја загуби власта до 31 јануари 2026 година. По реализацијата на настанот, неговата добивка надминала 430.000 долари.

Корисникот ја отворил својата сметка на „Полимаркет“ на 27 декември и направил само два облози – за американска инвазија врз Венецуела и за соборување на претседателот Мадуро.

Во моментот кога биле поставени обложувањата, платформата ја проценувала веројатноста за американска интервенција против Венецуела на само шест проценти.

CATEGORIES
TAGS
Share This