ТЕМЕЛНИ РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО Пациентите избираат каде да се лекуваат, лична карта на МЗ, регионализација на здравствените услуги

Првата фаза од реформата се фокусира на намалување на пренатрупаноста во Скопје, каде што 70% од пациентите се упатуваат за примарни и секундарни услуги.

ТЕМЕЛНИ РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО Пациентите избираат каде да се лекуваат, лична карта на МЗ, регионализација на здравствените услуги
Фото: Национал

Министерот Алиу во емисијата „Топ Тема“ на Телма истакна дека првата фаза во реформата на здравството е стабилизација на примарното здравство. Тој посочи дека во моментов околу 70% од пациентите се упатуваат кон Скопје, особено кон кампусот „Мајка Тереза“, поради потребата од примарни и секундарни здравствени услуги.

Министерот објасни дека се работи на регионализација на здравствените услуги, со посебен акцент на онколошките услуги на амбулантско ниво. Градската болница е речиси готова, а административните процедури се завршени за да може онколошките услуги таму да се нудат на амбулантско ниво.

Во Клиничката болница во Битола веќе функционираат слични услуги, а се подготвуваат и во КБ Тетово. При тоа сме многу внимателни, бидејќи мора да се дефинира и финансискиот дел за секоја здравствена институција и услуга. Во Битола, тројца медицински сестри и еден физичар ќе работат шест месеци на Клиниката за онкологија, за потоа да се вратат во своите установи и таму да ја спроведуваат терапијата“, истакна Алиу.

Во врска со потпишаниот меморандум за соработка со приватните здравствени установи, кој се случува за првпат, министерот објасни дека процесот веќе функционира. Здравствените работници од приватниот сектор веќе соработуваат со колегите од јавниот сектор и нудат здравствени услуги без проблеми.

Според системот на ДРГ, граѓаните веќе можат да избираат дали ќе се лекуваат во приватни или јавни установи за услугите кои се дефинирани и ставени на листата на ФЗО. Но, тоа не е доволно, па затоа правиме уште еден чекор напред. Секој граѓанин, во зависност од потребната здравствена услуга, ако не може да ја добие во примарното здравство, средствата ќе се насочуваат таму каде што граѓанинот ја добил услугата. Овие податоци ќе го следат пациенто“, нагласи Алиу.

Министерот веќе информираше дека МЗ изготви лична карта на здравството во Македонија. Според објавените податоци, во државата има вкупно 3.779 здравствени установи (во моментот кога е направена анализата). Од овие здравствени установи, 2.942 се во мрежата на здравствени установи, а надвор од мрежа се 837 установи. Од 2.942, 2.830 се приватни здравствени установи (ПЗУ), а 112 се јавни установи од кои 108 се јавни здравствени установи (ЈЗУ) и 4 се институции кои даваат јавни здравствени услуги, како што се Воено-медицински центар, МАНУ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет и Фармацевтски факултет – Скопје.

CATEGORIES
TAGS
Share This