ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ „РЕД БУЛ“ Се сомничи дека ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот

Се испитува дали „Ред Бул“ ограничувал продажба на конкурентски енергетски пијалаци во пакувања над 250 мл и дали на трговците им давал пари или други поттикнувања за да ги тргнат или да ги направат помалку видливи ривалските производи.

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ „РЕД БУЛ“ Се сомничи дека ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот

Европската комисија отвори формална истрага против „Ред Бул“ по сомнежи дека компанијата спроведувала антиконкурентски практики и ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот.

Се испитува дали „Ред Бул“ ограничувал продажба на конкурентски енергетски пијалаци во пакувања над 250 мл и дали на трговците им давал пари или други поттикнувања за да ги тргнат или да ги направат помалку видливи ривалските производи, особено во земји каде што има голем пазарен удел, како Холандија.

Доколку сомнежите се потврдат, Комисијата може да изрече казни за прекршување на правилата за конкуренција во ЕУ. Истрагата е приоритет, но нема рок за завршување и ќе зависи од комплексноста и соработката на компанијата.

CATEGORIES
Share This