СПОРЕД ЗАКОНОТ СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ – Саркози и Мијалков се поеднакви
Саркози го преживеа затворот за само неколку ноќи, Мијалков замина во Монако по експресни измени на Кривичниот законик

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на социјалната мрежа Фејсбук сподели интересно видување за затворските казни изречени за поранешниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот директор на македонската тајна полиција Сашо Мијалков.
-„Што ги поврзува двајцата од фотографијата? За нашиот Саше Мијалков подоле во текстот.
Поранешниот француски претседател Саркози осуден на пет години затвор видовме како неговата сопруга Карла Бруни, со солзи во очите го испрати до затворот. Но, Саркози само што преспа во затворот даде изјава дека има ноќна мора, дека во затворот е многу тешко, исцрпувачко и веднаш поднесе барање за предвремено ослободување. Апелациониот суд во Париз експресно го усвои барањето и само неколку часа подоцна, Саркози беше слободен човек, ослободен од затвор во домашни услови. Веќе следното утро, Саркози беше забележан како си вежба во близина на својата резиденција, а потоа, во добро расположение, ручаше со сега веселата Карла Бруни во познат ресторан во 16-тиот париски арондисман.
Нашиот Саше Мијалков доби три пресуди со вкупна казна од 28 години затвор ама владата на Заев и Таче експресно го изменија Кривичниот законик во делот на застареност, односно, ги смалија роковите за застареност и кривичните дела на Саше застарија и тој веднаш во Монако со ферари.
Е сега, иронијата е во тоа што и во случајот со Саркози и во случајот на Мијалков СЕ Е СПОРЕД ЗАКОНОТ.
Тоа е тоа. Господ прво на себе брада си направил ама и тие што владеат прво за себе си ги пишуваат законите.
СПОРЕД ЗАКОНИТЕ СИТЕ СЕ ЕДНАКВИ АМА НЕКОИ СЕ ПОЕДНАКВИ – напиша Бачев на Фејсбук.


