ТУРСКИ „ЕРТРАКТОР“ СЕ УРНА ВО ХРВАТСКА Загинал пилотот кој бил единствениот патник во авионот
Авионот исчезнал од радарот во 16:53 часот, а пожарникарите го пронашле запален покрај патот, недалеку од училиштето во Криви Пут.

Во близина на Сењ, во местото Криви Пут, се урна турски авион „Ертрактор“ АТ802. Во несреќата загина единствениот пилот. Авионот исчезнал од радарот во 16:53 часот, а пожарникарите го пронашле запален покрај патот, недалеку од училиштето во Криви Пут.
Пред падот, пилотот испратил повик за помош. Полицијата го обезбеди подрачјето, а утре ќе се спроведе истрага.
CATEGORIES Свет


