ЕУ ВОВЕДУВА ЦАРИНА ЗА ПАКЕТИ ПОМАЛИ ОД 150 ЕВРА Одкуката најмногу ќе ги погоди „Шеин“ и „Тему“
Првичниот план на Европската Унија беше да се укине ослободувањето од царински давачки за пакети со помала вредност дури во 2028 година.

Министрите за финансии на ЕУ се согласија од 2026 година да воведат царински давачки за пакети со вредност под 150 евра што пристигнуваат во Унијата. Одлуката најмногу ќе ги погоди кинеските онлајн продавници „Шеин“ и „Тему“.
Првично, укинувањето на ова ослободување беше планирано за 2028 година, но поради огромниот прилив на евтини пратки од Кина – минатата година 4,6 милијарди, од кои 91% кинески – ЕУ реши да ја забрза мерката.
CATEGORIES Бизнис


