ПРОМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – Нови имиња на чело на „Улици и патишта“, „Водовод“, ЈСП и „Комунална хигиена“

Ѓорѓиевски најавува дека јавните претпријатија нема да се приватизираат, сметките за граѓаните остануваат исти

ПРОМЕНИ ВО СКОПСКИТЕ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – Нови имиња на чело на „Улици и патишта“, „Водовод“, ЈСП и „Комунална хигиена“
Фото: Принтскрин

Четири јавни претпријатија во Град Скопје добиваат нови вршители на должноста директори, соопшти вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во ЈП „Улици и патишта“ за директор е назначен Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Во „Водовод и канализација“ директор ќе биде Иван Митровски, досегашен заменик-градоначалник на Кисела Вода.

Ѓорѓиевски најави и нови раководства во ЈСП и „Комунална хигиена“. Во „Комунална хигиена“ директор ќе стане Драги, човек со долгогодишно искуство во комуналниот сектор, кој, како што рече градоначалникот, се покажал исклучително добро за време на акцијата „72 часа“. Во ЈСП Скопје ќе биде поставен Саше, вработен со долгогодишно искуство во претпријатието.

Градоначалникот нагласи дека никогаш не најавил приватизација на јавните претпријатија. Напротив, планот е да се зајакнат нивните капацитети и да станат самоодржливи. Тој увери дека сметките за граѓаните нема да се зголемат, бидејќи тоа го ветил во кампањата.

CATEGORIES
TAGS
Share This