ЃОРЃИЕВСКИ ОТПУШТИЛ 500 ФАНТОМСКИ ВРАБОТЕНИ – Обвинителот Коцевски бара докази
Јавна расправија меѓу Градот Скопје и обвинителството околу „фантомските вработувања“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, побара Јавното обвинителство да постапи „по допрен глас“ за наводите дека стотици лица во јавните претпријатија земале плата без да одат на работа.
На ова реагираше државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, кој порача дека доколку градоначалникот располага со докази, негова должност е да ги пријави во надлежните институции.
„Ако има докази, треба да ги достави до МВР или директно до Јавното обвинителство. Така сме постапувале и досега, и така ќе продолжиме. Ако навистина има злоупотреби, ние стоиме на располагање“, изјави Коцевски.
Синоќа, во гостување на телевизија Сител, Ѓорѓиевски изјави дека отпуштил околу 500 вработени од јавните претпријатија, кои со месеци, па дури и со години, не доаѓале на работа, но редовно земале плата.


