ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Прекини во снабдувањето во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров

Дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров изутринава ќе останат без електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија АД.
Во општина Центар, во периодот од 08:30 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современата уметност.
Во општина Зелениково, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има од 08:30 до 15:00 часот за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница.
Во општина Ѓорче Петров, без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците лоцирани околу улицата „Австралиска“ бр. 5 во населбата Даме Груев.
Прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.


