ВНИМАНИЕ – Лажни е-маил пораки од „Биро за јавна безбедност“

МВР известува дека станува збор за измама која има за цел да прибере лични податоци. Граѓаните не треба да отвораат пораки, да контактираат со испраќачот или да ги споделуваат своите податоци.

ВНИМАНИЕ – Лажни е-маил пораки од „Биро за јавна безбедност“
Фото: Национал

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во последниот период неколку граѓани добиле лажни покани, во кои сторители се претставуваат како директорот на Бирото за јавна безбедност.

Во пораките се тврди дека примачот е предмет на кривични истраги за сериозни дела, како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога, и се бара во рок од 24 часа да се јави во полициска станица или да испрати повратен е-маил.

МВР информира дека станува збор за измама. Овие пораки не се испратени од Бирото за јавна безбедност, а нивната цел е да се приберат лични податоци за понатамошна злоупотреба. Министерството нагласува дека покани за истражни постапки од МВР никогаш не се испраќаат преку е-маил.

Апелираме до граѓаните: Не отворајте вакви е-маил пораки, не контактирајте испраќачот, не споделувајте лични податоци кои се бараат во пораките и не кликнувајте на линкови или датотеки во пораките од непознат испраќач, за да го заштитите вашиот компјутер од малициозен софтвер.

CATEGORIES
TAGS
Share This