ЧАРШИЈАТА ЈА ГУБИ СВОЈАТА ДУША – Почина Џемо Дестан
Чаршијата во жалост: Замина мајсторот кој го создаде легендарното име ‘Дестан’“

Веројатно не постои човек кој не пробал ќебапи во култните ќебапчилници „Дестан“. Скопската чаршија останува посиромашна. На 84-годишна возраст почина Џемо Дестан – човек чиј талент и големо срце го направија името „Дестан“ легенда на градот. Децении наназад, тој беше препознатлив лик меѓу мирисот на ќебапи и веселиот шум на чаршијата, каде секој гостин се чувствуваше како дома.
Џемо не беше само мајстор на решетката – тој беше душата на местото. Со шеги, разговори и насмевки што греат, остави трага која ќе се памети долго по неговото заминување. Со него се затвора едно поглавје од старото Скопје, но неговата добрина, љубезност и љубов кон занаетот остануваат како наследство за идните генерации.
На семејството – искрена жалост.
Нека почива во мир, а сеќавањето на Џемо да остане живо меѓу сите кои го познаваа и го ценeа.


