СУДАР НА ДВА ВОЗА ВО БЛИЗИНА НА БРАТИСЛАВА Несреќата поминала без жртви со 79 повредени

Според прелиминарните извештаи, регионален воз го игнорирал знакот „стоп“ и влегол на пругата кон Братислава, каде што се судрил со брз воз, соопшти железничката компанија ЗСР.

СУДАР НА ДВА ВОЗА ВО БЛИЗИНА НА БРАТИСЛАВА Несреќата поминала без жртви со 79 повредени

Во близина на Братислава, главниот град на Словачка, синоќа се случи судир меѓу два патнички воза, при што 79 лица се повредени, соопштија властите. Според информациите, никој од повредените не е во животна опасност, а сите се префрлени во болници.

Според прелиминарните извештаи, регионален воз го игнорирал знакот „стоп“ и влегол на пругата кон Братислава, каде што се судрил со брз воз, соопшти железничката компанија ЗСР.

Шефот на ЗСР, Иван Беднарик, изјави дека се истражуваат точните околности на несреќата. Јавната телевизија СТВ објави дека во двата воза имало околу 800 патници, а голем дел од нив биле студенти кои се враќале во Братислава од своите родни места.

CATEGORIES
Share This