ЗА ВИКЕНДОТ САНКЦИОНИРАНИ 1466 ВОЗАЧИ, 786 за пречекорена брзина
Лишени од слобода биле 14 возачи поради безобзирно управување – 11 под дејство на алкохол, двајца за пребрзо возење во населено место и еден надвор од населено место.

За време на викендот, полициските службеници низ земјата спровеле редовни сообраќајни контроли при што биле издадени вкупно 1466 казни, од кои 786 за непочитување на дозволената брзина.
Лишени од слобода биле 14 возачи поради безобзирно управување – 11 под дејство на алкохол, двајца за пребрзо возење во населено место и еден надвор од населено место.
Исто така, се евидентирани 174 неправилни паркирања, 132 возачи без дозвола и 91 случај на возење под дејство на алкохол.
Дополнително, 60 лица не користеле сигурносен појас, 20 возила биле отстранети поради нерегистрираност, а пет поради техничка неисправност.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.
CATEGORIES Македонија


