МЕЧКА НАПАДНА МАЖ КОЈ СОБИРАЛ ПЕЧУРКИ ВО РИЛЕВО Тешко повредениот пренесен на Клиниките во Скопје

Според првичните информации, мажот бил сам во шумата кога ненадејно се соочил со мечката, која го нападнала и му нанела тешки телесни повреди.

МЕЧКА НАПАДНА МАЖ КОЈ СОБИРАЛ ПЕЧУРКИ ВО РИЛЕВО Тешко повредениот пренесен на Клиниките во Скопје

Повозрасен маж од селото Рилево, во општина Долнени, е тешко повреден откако бил нападнат од мечка додека собирал печурки во атарот на селото. Настанот се случил вчера претпладне, околу 10 часот.

Според првичните информации, мажот бил сам во шумата кога ненадејно се соочил со мечката, која го нападнала и му нанела тешки телесни повреди. По нападот, повредениот бил забележан од група ловџии кои случајно се нашле во близина и веднаш му пружиле помош.

Тој најпрво бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите итно бил транспортиран на Клиниките во Скопје, каде што му е укажана понатамошна лекарска помош.

Надлежните институции спроведуваат истрага за случајот, а мештаните на Рилево велат дека ова не е првпат во околината да се забележи мечка, па повикуваат на поголема претпазливост при движење низ шумските подрачја.

CATEGORIES
TAGS
Share This