ГОЛЕМ ПОРАСТ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА Промет од над 1,6 милиони евра за само пет дена
Со вкупно 410 трансакции, инвеститорите се активираа со акции и обврзници на официјалниот и редовниот пазар.

Во периодот од 3 до 7 ноември 2025 година, на Македонската берза е остварен вкупен промет од 98,4 милиони денари, односно околу 1,6 милиони евра, на сите пазари (официјален и редовен). Ова претставува зголемување од 25,9 % во однос на претходната недела.
Најголем удел во прометот имаа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со реализиран промет од 32,8 милиони денари (околу 534,3 илјади евра), што претставува 33,3 % од вкупниот неделен промет.
Следуваа акциите на Алкалоид АД Скопје со 23,1 милиони денари (околу 375,8 илјади евра, односно 23,7 %), а потоа НЛБ Банка АД Скопје со 12,2 милиони денари (околу 198,5 илјади евра, 12,3 % од прометот).
Првите пет компании според тргување ги заокружуваат Гранит АД Скопје со промет од 9,2 милиони денари (околу 150,5 илјади евра) и Макпетрол АД Скопје со 6,8 милиони денари (околу 111,7 илјади евра).
Покрај редовното тргување, со акциите на Макпетрол беа извршени и пет блок-трансакции, со кои се оствари промет од 44,4 милиони денари (околу 722,4 илјади евра). Во рамките на овие трансакции беа истргувани 386 акции по цена од 116.000 денари за акција.
Вкупно беа реализирани 410 трансакции, со кои се истргуваа 13.607 акции и 5.962 обврзници.
Во однос на ценовните движења, раст на вредноста забележаа: акциите на ОКТА АД Скопје за 1,8 %, акциите на Макпетрол АД Скопје за 0,86 % и акциите на Гранит АД Скопје за 0,59 %.


