ИСПЛАТЕНА НОВА ТРАНША ЗА ПОДДРШКА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ – Средствата беа обезбедени од унгарскиот заем
Со оваа исплата, досега преку оваа мерка во економијата се насочени 190,5 милиони евра.

Министерството за финансии информира дека кон Развојната банка е префрлена нова транша од 1,2 милијарди денари (19,4 милиони евра) од централниот Буџет, средства обезбедени преку унгарскиот заем за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании.
Со оваа исплата, досега преку оваа мерка во економијата се насочени 190,5 милиони евра. Во Буџетот за 2025 година се предвидени вкупно 250 милиони евра за инвестиции, кои треба да поттикнат приватни вложувања во вредност од околу 300 милиони евра.
CATEGORIES Бизнис


