САГАТА ОКОЛУ ВЛАХОВИЌ ПРОДОЛЖУВА Дали ќе остане во Јувентус?

САГАТА ОКОЛУ ВЛАХОВИЌ ПРОДОЛЖУВА Дали ќе остане во Јувентус?

Душан Влаховиќ – фудбалерот кој предизвикува контроверзии во Јувентус. Неговата ситуација во клубот е сè само не едноставна. Иако е во улога на резервист под водство на Игор Тудор, Влаховиќ успеа да постигне шест гола во 10 настапи од почетокот на сезоната, што е импресивно, но со ограничена минутажа. Тој на просек од 60 минути по гол, но во последниот натпревар против Виљареал, играше само пет минути, што дополнително ја зголеми дебатата околу неговата иднина во клубот.

Договорот на 25-годишниот напаѓач истекува на крајот од сезоната, а неодамна за неговиот статус се изјасни и директорот за фудбалска стратегија во Јувентус, Џорџо Кјелини. Тој не ја исклучи можноста Влаховиќ да остане во клубот, изјавувајќи: “Нов договор за Влаховиќ? Ништо не е невозможно, Душан заслужи почитување од клубот и ќе седнеме да разговараме за некои работи.”

Сега, прашањето е: дали Влаховиќ навистина ќе остане во Јувентус или ќе се реши за нов предизвик? Ситуацијата е напната и многу ќе зависи од разговорите кои ќе следат во наредниот период.

CATEGORIES
Share This