ОДРОН КАЈ ЖИВАЛЕВО Сообраќајот се одвива по една лента, коловозите влажни низ цела држава

Од 05:00 часот утринава на патниот правец Живалево – Туралево е регистриран одрон, поради што сообраќајот се одвива наизменично само по една коловозна лента, информираат од АМСМ.
Инаку, сообраќајот на државните патишта низ земјава во моментов се одвива непречено, но по влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите за внимателно управување и прилагодена брзина, особено на делниците низ котлини, клисури и речни долини каде постои опасност од одрони – Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија


