НАТПРЕВАРОТ СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР ЗАПОЧНА – Пријави се, главната награда 1.000.000 денари
„СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“ е вистинска можност младите да ги развијат своите идеи, да учат од искусни ментори, да стекнат контакти и да се подготват за иднината како лидери и претприемачи.

Вчера (о1.10.) официјално стартуваше најголемиот натпревар за средношколци во Македонија и регионот – „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“, наменет за развој на претприемачкиот дух и поттикнување креативни бизнис идеи кај младите.
Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1.000.000 денари.
Организатори на натпреварот се: Brainster Next College – првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, и NU High School Academy – академија за талентирани средношколци.
Право на учество имаат сите средношколци од прва до четврта година.
„Нашата цел е да им дадеме простор на средношколците да размислуваат како претприемачи, да развиваат креативни идеи и да учат преку реални предизвици. Овој натпревар е платформа која ги мотивира младите да бидат проактивни и да ја гледаат иднината со повеќе можности“, објаснува Огнен Трипуноски, оперативен директор во групацијата Brainster.

Натпреварот се организира во неколку фази:
Прва рунда: Од 1 до 26 октомври, сите заинтересирани средношколци ја доставуваат својата иницијална бизнис идеја на страната milioner.mk. Се охрабруваат средношколците да формираат тимови од 3 до 6 учесници, за да има поголема вредност и да се пробијат подалеку низ рундите. На крајот од рундата се одбираат 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда.
Втора рунда: Најдобрите 50 идеи продолжуваат на јавно гласање во периодот од 3 до 16 ноември. Оние 20 кои ќе освојат најмногу гласови во процесот на гласање продолжуваат во следната рунда. Гласањето се отвара со старт на рундата и се затвора со крај на рундата. 20-те победнички бизнис идеи во периодот кој следи добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните 2 рунди.
Трета рунда: На 29.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст 20-те полуфиналисти ка презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда.
Големото завршно финално натпреварување ќе се одржи на 30.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите презентираат за 5 минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја која ќе освои 1.000.000 денари.
„Ги охрабруваме сите средношколци да се пријават и да ја искористат оваа шанса. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе создадат нашите млади таленти“, појаснува Трипуноски.

„СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“ е вистинска можност младите да ги развијат своите идеи, да учат од искусни ментори, да стекнат контакти и да се подготват за иднината како лидери и претприемачи.
Бреинстер Медија Тим


