НОВА КНИГА НА ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ – Преговори во конфликти на идентитети
Книгата претставува значаен придонес во развојот на современата дипломатија за градење мир, превенција на конфликти и спречување злосторства против човештвото, носејќи со себе и теоретско знаење и практични вештини од оваа област.

Издавачката куќа „Три“ го објави на англиски јазик најновото дело на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски под наслов „Negotiation in identity conflicts“ („Преговори во конфликти на идентитети“).
Книгата претставува значаен придонес во развојот на современата дипломатија за градење мир, превенција на конфликти и спречување злосторства против човештвото, носејќи со себе и теоретско знаење и практични вештини од оваа област.
Содржината на изданието е искористена како основа и инспирација при изработката на Насоките на Обединетите нации за промовирање дијалог и медијација со цел спречување на геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Книгата функционира како прирачник со препораки за обука на медијатори во рамките на преговарачки процеси, проект кој во 2023 година доби поддршка од Алис Ваириму Ндериту, помошник-генерален секретар и специјален советник за спречување на геноцид при UNOSPGA во Њујорк.


