ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД На планините снег
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Фото: Национал
Денеска (02.10.) времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


