БАЧЕВ: НИЕ СЕ БОРИМЕ, НО ОД ВАС ЗАВИСИ – Заокружете 12 за чест, правда и народна власт во општината

Бачев ја бара довербата за каднидатите на Единствена Македонија за враќање на честа, правдата и народната власт во секоја општина

БАЧЕВ: НИЕ СЕ БОРИМЕ, НО ОД ВАС ЗАВИСИ – Заокружете 12 за чест, правда и народна власт во општината
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, по повод големата референдумска победа од 30 септември 2018 година упати повик до гласачите добро да размислат пред да го заокружат ливчето на 19 октомври:

„Како што заедно со народот ја извојувавме големата историска референдумска победа против марионетската влада на Зоран Заев и неговите странски газди, така и кандидатите на Единствена Македонија ќе знаат да ја сменат 35-годишната слика во општините, каде што владеат корупцијата, криминалот и грабежот на народниот имот“ – вели Бачев.

Бачев нагласи дека овојпат довербата мора да се даде на чесноста и одговорноста:

„Изборот на локалната власт го одредува квалитетот на животот во вашата општина во наредните четири години. Доста беше од политички авантуристи за кои политиката е само алатка за личен ќар“ – додава Бачев.

Бачев ја бара довербата за кандидатите на Единствена Македонија за враќање на честа, правдата и народната власт во секоја општина. Кандидатите на Единствена Македонија се заветуваат на чесно, одговорно и транспарентно работење. Притоа, Бачев уште додава дека ова не е гола реторика и затоа апелира до гласачите да ја погледнат и побараат биографијата на секој што во кампањата ќе дојде да ја бара довербата.

„Единствена Македонија го прави долгоочекуваниот чекор – сега редот е на вас, почитувани гласачи! Гласајте за себе. Гласајте за доброто на вашата општина. Гласајте за доброто на Македонија. Гласајте за кандидатските листи на Единствена Македонија. Ние ќе се бориме, но од Вас и вашата волја зависи дали ќе успееме. Затоа, излезете масовно и заокружете број 12.“ – порача Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This