БАЧЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ПРЕДАДЕ – Седум месеци отпор, една голема референдумска победа

На денешен ден 2018 народот кажа „НЕ“ таму каде што марионетската влада на Заев кажа „ДА“.

БАЧЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ПРЕДАДЕ – Седум месеци отпор, една голема референдумска победа
Фото: Единствена Македонија

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод референдумот за името одржан на 30 септември 2018 година на социјалната мрежа фејсбук потсети на седуммесечните протести што ги водеше Единствена Македонија како предводник на Националниот Блок „Македонија- Бојкотира“ во кој се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски патриотски здруженија од земјата и странство.

„На денешен ден 2018 народот кажа „НЕ“ таму каде што марионетската влада на Заев кажа „ДА“. Седум месеци, три годишни времиња (лето, есен и зима) улиците беа нашиот дом. На крај, го победивме „ѕверот“ и неговата марионета Заев на референдумот, но, за спречување на промена на името не успеавме. Партијата Единствена Македонија заедно со 83 македонски здруженија од земјата и странство здружени во Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ го поведе народот во Битката за референдумот. 30 септември 2018 година – големиот ден кога Единствена Македонија и Националниот Блок „Македонија – Бојкотира“ ја победи марионетата Заев и неговите странски газди. Ова беше битка на еден народ за опстанок. Битка која само заедно и обединети можеме да ја победиме. Битката продолжува..“ – напиша Бачев на фејсбук.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This