ИСПОВЕД НА ТРАМП Со Путин ќе беше лесно, ако бев претседател, оваа војна немаше ни да започне

Во меѓувреме, Путин неодамна изјави дека е подготвен да го покани Зеленски во Москва, доколку има подготвеност за состанок

ИСПОВЕД НА ТРАМП Со Путин ќе беше лесно, ако бев претседател, оваа војна немаше ни да започне
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верувал оти конфликтот во Украина ќе биде најлесен за решавање, благодарение на неговите лични односи со рускиот лидер Владимир Путин.

„Најлесен е Путин. Реков уште на почетокот дека оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател. Го познавав Путин многу добро и мислев дека ќе биде лесно. Но оваа војна се покажа како најтешка од сите“, истакна Трамп за време на посетата на базата на морнаричкиот корпус во Квантико, Вирџинија.

Тој нагласи дека клучно решение е директна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Мора да ги собереме и да завршиме со тоа. Но единствениот начин е од позиција на сила – ако сме слаби, тие дури нема да одговорат на телефон“, додаде Трамп.

Во меѓувреме, Путин неодамна изјави дека е подготвен да го покани Зеленски во Москва, доколку има подготвеност за состанок. Но, Зеленски ја одби поканата во заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон. Од Кремљ порачаа дека Путин останува отворен за средба, но без конкретна подготовка тоа би било само „рекламна кампања осудена на неуспех“.

CATEGORIES
TAGS
Share This