ЛАВРОВ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО МОЛДАВИЈА – Измамнички и наместени
Тој посочи дека масовното користење на ресурсите за гласањето во странство значително ѝ помогнало на партијата на Санду да дојде до посакуваниот резултат

Фото: Принтскрин
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги оцени парламентарните избори во Молдавија како „наместени и полни со измами“.
„Изборите се измамнички. Навистина се прашувам како е можно толку отворено да се манипулира со гласовите на граѓаните. Дури и со сите тие манипулации, патриотската организација во Молдавија освои повеќе од партијата на претседателката Маја Санду“, изјави Лавров пред новинарите.
Тој посочи дека масовното користење на ресурсите за гласањето во странство значително ѝ помогнало на партијата на Санду да дојде до посакуваниот резултат.
„И покрај сите махинации, исходот кажува многу – дури и со такви измамнички методи, нивниот резултат не изгледа многу убедливо“, нагласи Лавров.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


