ОД 50.000 НОВОРОДЕНЧИЊА ВО 1950-ТА ДО 16.000 ВО 2024-ТА – Алармантен пад на наталитетот

Тој нагласи дека демографската рецесија трае повеќе од 70 години. Во 1950 година во Македонија се раѓале над 50.000 бебиња, а во 2024 година само околу 16.000.

ОД 50.000 НОВОРОДЕНЧИЊА ВО 1950-ТА ДО 16.000 ВО 2024-ТА – Алармантен пад на наталитетот
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на настанот „Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал“ во рамките на петгодишната програма на Владата и Фондот за население на ОН, истакна дека оваа програма не е формалност, туку реален план со визија и конкретни мерки за иднината на државата и граѓаните.

„Нема градинки без деца, нема училишта без ученици, нема универзитети без студенти, нема спорт без спортисти, нема земјоделие без земјоделци, нема општини без жители. Нема економија без работна сила, ниту потрошувачка без потрошувачи. Нема ништо без луѓето и демографијата“ – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека демографската рецесија трае повеќе од 70 години. Во 1950 година во Македонија се раѓале над 50.000 бебиња, а во 2024 година само околу 16.000. Според него, тоа значи дека кога оваа генерација ќе тргне во прво одделение, ќе има околу 150 празни училници, а без работа ќе останат 250-300 наставници.

CATEGORIES
TAGS
Share This