ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО РУСИЈА: Путин нареди регрутација на 135.000 луѓе под оружје

Од Генералштабот појаснија дека регрутите ќе служат 12 месеци и нема да бидат испраќани во Украина, туку само во рамките на Руската Федерација.

ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО РУСИЈА: Путин нареди регрутација на 135.000 луѓе под оружје
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за редовната есенска регрутација, со која од 1 октомври до 31 декември 2025 година ќе бидат повикани 135.000 граѓани на возраст од 18 до 30 години.

Истовремено ќе бидат отпуштени војниците на кои им завршува рокот на задолжителната служба.

Од Генералштабот појаснија дека регрутите ќе служат 12 месеци и нема да бидат испраќани во Украина, туку само во рамките на Руската Федерација.

CATEGORIES
TAGS
Share This