ДУШАН ВЛАХОВИЌ НА ПРАГОТ НА НОВА АВАНТУРА Манчестер Јунајтед нуди поволна понуда

Душан Влаховиќ повторно е во фокусот на вниманието поради можноста за трансфер од Јувентус, а главен кандидат за неговиот потпис е англискиот клуб Манчестер Јунајтед. Српскиот напаѓач во последно време не е во добри односи со управата на Јувентус, откако одби да потпише нов договор со пониска плата и не сакаше да се пресели во Турција или Саудиска Арабија. Како резултат на тоа, се чини дека неговото време во клубот е на измакот.
На крајот на оваа сезона, Влаховиќ би можел да стане слободен агент, но постои можност Јувентус да оствари финансиски бенефит од неговиот трансфер уште во јануари. Манчестер Јунајтед, кој се обидува да се врати на врвот, го гледа Влаховиќ како идеално засилување. Според Gazzetta dello Sport, “Влаховиќ е поизгледно дека ќе заврши во Манчестер Јунајтед отколку на Стемфорд Бриџ”, додавајќи дека иако Челси е заинтересиран, Црвените ѓаволи се во предност за неговото ангажирање.
Сепак, не е јасно дали трансферот ќе се реализира веќе во јануари или ќе чекаат до крајот на сезоната. Манчестер Јунајтед, и покрај летните засилувања, продолжува да се бори со проблемите што ги мачи со години, моментално наоѓајќи се на 14-то место на табелата со само седум бодови.
Конкуренцијата за Влаховиќ ќе биде жестока, особено со оглед на тоа што клубот веќе ангажираше неколку нови играчи, но сето тоа не е доволно. Влаховиќ е на списокот на желби на клубот, а платата што му ја нудат е во согласност со неговите очекувања. На маса е понуден износ од 370.000 фунти неделно, што значи повеќе од 19 милиони фунти годишно, што е значително повисоко од неговата актуелна плата од 12 милиони евра нето.
Покрај Манчестер Јунајтед, интерес за Влаховиќ покажува и Баерн Минхен, кој планира да се вклучи во трката за него следното лето. Како што изјави Кристијан Фалк, “Душан Влаховиќ е на радарот на Баерн. Разговорите порано не донесоа договор, но тој е напаѓачот што го бараат.” Влаховиќ сега стои пред важна одлука која може да го промени текот на неговата кариера.


