ПУТИН ЧЕКА ОДГОВОР Поканата до Трамп останува на сила
Путин на заедничката прес-конференција со Трамп во Алјаска на 15 август изјави: „Следниот пат во Москва.“

фото: Принтскрин
Поканата на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, упатена до американскиот лидер Доналд Трамп, сè уште е на сила. Сега останува на американската страна да реши дали ќе ја прифати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање на ТАСС.
„Не станува збор за ништо тајно. Поканата е валидна. Претседателот Путин е подготвен и со задоволство ќе се сретне со претседателот Трамп. Понатаму, сè зависи од неговата одлука,“ нагласи Песков.
Да потсетиме, Путин на заедничката прес-конференција со Трамп во Алјаска на 15 август изјави: „Следниот пат во Москва.“ Американскиот претседател тогаш ја оцени поканата како интересен предлог.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


