БОМБА ВО ЗДРАВСТВОТО Осум сомнителни операции под лупа, следуваат уште пет

Обвинувањата на Кедев дека во дел од приватните болници се прават непотребни интервенции со цел профит ја отворија јавната дебата

БОМБА ВО ЗДРАВСТВОТО Осум сомнителни операции под лупа, следуваат уште пет
Фото: Национал

Стручната комисија на Министерството за здравство ги разгледа осумте предмети поврзани со кардиолошки и кардиохируршки интервенции во јавните и приватните здравствени установи во државата, информира денеска министерот за здравство, д-р Азир Алиу.

Комисијата беше формирана на крајот на август, по обвинувањата на кардиохирургот д-р Сашко Кедев за изведување непотребни операции во приватното здравство.

„Во вторник ќе продолжиме со работа по новите пет пријави. За вклучување на странски експерти постојат правни пречки, договорот ќе се потпише по изборите“, изјави Алиу за време на посетата на Клиниката за кардиохирургија, каде беше промовирана надградена хибридна сала.

Директорот на Клиниката, д-р Дејан Димитровски, истакна дека не учествувал во селекцијата на случаите.

Се работи за пациенти со изведена коронарографија пред и по операцијата, при што се констатирани одредени неправилности“, рече тој.

Комисијата ја сочинуваат врвни експерти од кардиохирургија, кардиологија, васкуларна хирургија, претставници на ФЗОМ и Министерството за здравство, како и правници и економисти.

Министерството во август побара од сите јавни установи податоци за бројот на интервенции – коронарографии, стентирања, васкуларни ангиографии и операции за периодот јануари 2022 до август 2025 година.

Обвинувањата на Кедев дека во дел од приватните болници се прават непотребни интервенции со цел профит ја отворија јавната дебата. Тој предупреди дека постојат центри кои од медицински аспект „би требало да бидат затворени“. Болницата „Аџибадем Систина“ реагираше со најава за тужба доколку не се прецизираат имиња.

CATEGORIES
TAGS
Share This