ЕВН ИНФОРМИРА Повеќе делови од Скопје денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека во петок, 26 септември 2025 година, повеќе делови од Скопје и неговата околина ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.
Според најавата, во периодот од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Катланово и Градманци, како и викенд населбите Месна Река и Кочкова Населба во општина Петровец. Од 09:00 до 11:30 часот прекин ќе имаат викендиците лоцирани кон манастирот Свети Илија и дел од жителите на селото Бањани во општина Чучер Сандево.
Во општина Ѓорче Петров, дел од корисниците на улиците Лука Геров и Андон Кецарков ќе останат без струја од 09:00 до 12:00 часот, а жителите на улицата Смолјани од 10:00 до 14:00 часот. Исто така, во општина Карпош, од 11:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците на улиците Иван Цанкар и Франце Прешерн.
Од ЕВН апелираат граѓаните да ја прилагодат својата дневна активност во согласност со најавените прекини.


