ДРАМАТИЧНО ПАТУВАЊЕ Нетанјаху „леташе наоколу“ за да избегне апсење на пат кон ОН

Слична ситуација се случи и во февруари, кога патувањето на Нетанјаху во САД беше продолжено поради страв од евентуално апсење.

ДРАМАТИЧНО ПАТУВАЊЕ Нетанјаху „леташе наоколу“ за да избегне апсење на пат кон ОН
Фото: Принтскрин

Авионот на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху на пат кон Њујорк за Генералното собрание на ОН избегна да лета над воздушниот простор на повеќето земји, со исклучок на Италија и Грција. Така патувањето стана значително подолго, објавија израелските медиуми.

Според „Тајмс оф Израел“, оваа траекторија – видлива на страницата Flight Tracker може да е обид за избегнување на проблеми поврзани со налогот за апсење што го издаде Меѓународниот кривичен суд (МКС). Нетанјаху е обвинет за наводни воени злосторства во војната против Хамас во Газа, обвинувања кои Израел категорично ги отфрла.

Многу држави јавно изјавија дека би го уапсиле доколку стапи на нивна територија. Минатата година Франција соопшти дека нема да преземе таков чекор, што предизвика остри реакции во ЕУ.

Овој пат „Крилото на Сион“, државниот авион на Израел, го избегна и воздушниот простор на Шпанија, која најави дека ќе соработува со истрагата на МКС.

Слична ситуација се случи и во февруари, кога патувањето на Нетанјаху во САД беше продолжено поради страв од евентуално апсење. Во мај тој наводно го откажа и патувањето во Азербејџан за да не прелета над Турција, чиј претседател Реџеп Таип Ердоган отворено го поддржува налогот на МКС.

CATEGORIES
TAGS
Share This