ЦАРИНИТЕ СИ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО Европјаните се откажуваат од американските производи

ЦАРИНИТЕ СИ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО Европјаните се откажуваат од американските производи

Потрошувачите во еврозоната значително ги намалуваат своите трошоци и се оддалечуваат од американските производи, како резултат на царинските мерки воведени од претседателот Доналд Трамп. Оваа информација произлегува од анкетата спроведена од Европската централна банка (ЕЦБ), која беше објавена од „Bloomberg“. Според податоците, трговскиот спор помеѓу САД и Европската унија има значително влијание на однесувањето и очекувањата на домаќинствата во регионот.

Околу 25% од испитаниците изјавиле дека се повлекуваат од купувањето на американски производи, додека 16% од нив признале дека ги намалиле своите вкупни трошоци. „Овие резултати ја илустрираат директната врска помеѓу трговските тензии и однесувањето на европските потрошувачи. Царините создаваат нова неизвесност која влијае на индивидуалните одлуки и на економските перспективи во целина“, изјавија од ЕЦБ.

Иако податоците се собрани во јуни, пред постигнувањето на договорот за царини помеѓу ЕУ и САД, тие нудат важен увид во реакцијата на економијата на еврозоната на трговските мерки воведени од Трамп. Дополнително, месечната анкета на ЕЦБ открива дека мнозинството Европејци не се подготвени да прифатат значителни намалувања на платата за да работат од дома. Просечното намалување на платата што вработените би го прифатиле за работа од дома два или три дена неделно е само 2,6%.

Според податоците, 70% од испитаниците не би прифатиле никакво намалување на платата за работа од дома, додека 13% би се согласиле на намалување помеѓу 1% и 5%. И покрај напорите на компаниите да ги вратат вработените во канцелариите, зафатеноста останува под нивото пред пандемијата. Податоците на Евростат покажуваат дека 22,4% од вработените на возраст од 20 до 64 години работеле од дома барем понекогаш во 2024 година, што е двојно повеќе од 2019 година.

Економистите Антонио Диас да Силва и Марко Вајслер истакнуваат дека постои значителен јаз во подготвеноста на луѓето да прифатат намалување на платата во зависност од моделот на работа од дома. Тие забележуваат дека луѓето кои редовно работат од дома се подготвени да прифатат поголеми намалувања на платата, додека оние кои работат од дома само еден ден во неделата би прифатиле минимални намалувања.

CATEGORIES
Share This