ПОВИК ОД МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА – Реформирани и силни Обединети Нации за иднината на светот

Поради тоа што се сѐ повеќе парализирани кога е најпотребно, Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“, до стариот светски поредок во кој силните прават што можат, а слабите трпат што мораат

ПОВИК ОД МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИШНИНАТА – Реформирани и силни Обединети Нации за иднината на светот
Фото: Претседател на РМ

По повод 80-годишнината од основањето на Обединетите Нации, претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, испрати порака:

-„Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата.

Осумдесет години подоцна, многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани. Мултилатералниот систем заснован на правила сега е распукан од тежината на растечката мултиполарност. Поради тоа што се сѐ повеќе парализирани кога е најпотребно, Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“, до стариот светски поредок во кој силните прават што можат, а слабите трпат што мораат. Македонските граѓани искусија некои од овие двојни стандарди уште од првиот ден на нашето членство во ОН во 1993 година.

Сепак, веруваме дека малите земји треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со реформирани и силни ОН во центарот. Го усвоивме Пактот за иднината како обновен глобален општествен договор, бидејќи сите страни споделуваат одговорност не само во почитување на своите права, туку и имаат и должност да се грижат за системот.

Оваа 80. годишнина е повик за будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава планет. Среќен роденден, Обединети Нации“ – се вели во пораката на Сиљановска-Давкова.

Инаку, Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН. Претседателката ќе оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.

Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

За време на работната посета на САД, претседателката ќе го посети и Детроит

CATEGORIES
Share This