ЕВН СО ИЗВЕСТУВАЊЕ Повеќе делови од Скопје денеска без струја

Поради планирани технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, повеќе делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во четврток, 4 септември, информираат од надлежните служби.
Според најавите, прекинот ќе ги зафати жителите на селото Бањане и викендиците кон манастирот „Св. Илија“, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Во населбата Драчево ќе има два одвоени прекини – првиот ќе се спроведе од 10:00 до 11:30 часот на дел од улицата Студеничанска, додека вториот ќе трае од 10:30 до 12:30 часот и ќе го зафати делот од улицата Малешевска 1.
Покрај најавените технички зафати, евидентиран е и непланиран прекин на електрична енергија во населбата Горно Соње. За него, засега не е наведено колку ќе трае прекинот.
CATEGORIES Македонија


