СО ТАГА СЕ ПРОСТИ ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ – Почина професорката Данка Манолева Митровска
равниот факултет „Јустинијан Први“ се прости од својата редовна професорка во пензија, Данка Манолева Митровска

Фото: Принтскрин
Почина професорката на Правниот факултет, Данка Манолева Митровска.
Правниот факултет „Јустинијан Први“ се прости од својата редовна професорка во пензија, Данка Манолева Митровска, која долги години придонесуваше во наставата и развојот на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Со смртта на проф. д-р Данка Манолева Митровска, загубивме драга и почитувана колешка, извонреден наставник и одличен педагог. Нејзиниот богат творечки опус, професионализмот и хуманиот однос кон студентите и колективот ќе останат во нашите сеќавања“, стои во објавата на факултетот.
CATEGORIES Македонија


