ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ РЕГИСТРИРАНИ 27 ПОЖАРИ – Осум сè уште активни
Активни пожари има на територијата на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес и Сопиште.
Активни пожари има на територијата на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес и Сопиште.

Во изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, осум сè уште се активни.
Активни пожари има на територијата на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес и Сопиште.
Во ловиштето „Јасен“ гори мешана шума, кај селата Беловодица и Лењиште – букова шума, во регионот на селата Стровија и Долгаец – мешана шума, во атар на село Дебреште – ниска вегетација, во село Душегубица – ниска вегетација и ниска шума, во близина на селата Горно Количани и Драчевица, на планинскиот врв Китка – мешана шума, во село Клуковец – ниска вегетација, а кај браната и езерото Козјак – ниска вегетација и шума.
Во исто време, изгаснати биле повеќе пожари на територијата на општините Маврово – Ростуше, Боговиње, Струга, Кичево, Липково, Старо Нагоричане, Долнени, Кратово, Студеничани, Гази Баба, Илинден, Василево и Гевгелија. Пожари биле ликвидирани и во два наврати во регионот на Ѓорче Петров, како и три во кумановското подрачје.


