РУСИЈА МОЖЕШЕ ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО Документите откриваат што се случувало зад затворени врати

Белешките, водени од заменик-државниот секретар Страуб Талбот, покажуваат дека Клинтон на состанокот во Кремљ истакнал дека проширувањето на Алијансата на исток не претставува закана за Москва и дека Вашингтон е подготвен да ја разгледа идејата за руски влез во НАТО.

РУСИЈА МОЖЕШЕ ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО Документите откриваат што се случувало зад затворени врати
Фото: Принтскрин

Декласифицирани документи на американската влада откриваат дека во 2000 година, тогашниот претседател на САД Бил Клинтон со рускиот лидер Владимир Путин разговарал за можноста Русија да се приклучи кон НАТО.

Белешките, водени од заменик-државниот секретар Страуб Талбот, покажуваат дека Клинтон на состанокот во Кремљ истакнал дека проширувањето на Алијансата на исток не претставува закана за Москва и дека Вашингтон е подготвен да ја разгледа идејата за руски влез во НАТО.

„Разбирам дека тоа е чувствителна тема за Русија, но НАТО не е насочен против неа,“ рекол Клинтон, додавајќи дека двете земји би можеле да соработуваат на глобални предизвици наместо да се гледаат како противници.

Сепак, документите откриваат дека веќе следниот ден Клинтон бил „значително порезервиран“ во однос на ова прашање.

Подоцна, Путин неколку пати се навраќаше на оваа тема. Во интервју за Такер Карлсон во февруари 2024 година, тој повтори дека Русија можела да стане дел од НАТО на почетокот на 2000-тите, „доколку Вашингтон покажел искрен интерес“. Слична изјава даде и во февруари 2022 година, нагласувајќи дека односот на Клинтон бил „ладен“ кон идејата.

CATEGORIES
TAGS
Share This