НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ Зголемен интензитет надвор од градовите

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата

НЕПРЕЧЕН СООБРАЌАЈ Зголемен интензитет надвор од градовите
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This