81. СОБРАНИСКА СЕДНИЦА – Дневен ред со 10 точки меѓу кои и новините во законите за внатрешни работи и полиција

Трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи - Скопје

81. СОБРАНИСКА СЕДНИЦА – Дневен ред со 10 точки меѓу кои и новините во законите за внатрешни работи и полиција
Фото: Национал

На 81. пленарна седница, пратениците денеска ја усвоија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, по скратена постапка. Со овие измени се овозможува организациска промена и трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје како и нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи Скопје.

Измените на Законот за полиција се насочени кон унапредување на организациската структура на полициските единици, со посебен акцент на Скопје, со цел поголема ефикасност, подобра координација и оптимално искористување на човечките и материјалните ресурси во Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, со законот се врши и терминолошка корекција во делот за криминалистичко-техничките работи.

Промените се засноваат на воспоставениот модел од минатото, каде раководителот на Секторот за внатрешни работи имал повисок статус од раководителите на другите сектори. Истовремено, градот Скопје се издвојува како посебна територијална организација во однос на останатите единици на локалната самоуправа.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, истакна дека овие закони би требало да се носат во редовна постапка, бидејќи се врши промена во структурата на Министерството за внатрешни работи.

На дневен ред на седницата беа и следните точки:

  • продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на државата,

  • престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување,

  • изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување,

  • изменување и дополнување на Законот за системот за процена на лицата со попреченост,

  • задолжување на државата со заем кај Банката за развој при Советот на Европа за изградба на фискултурни сали,

  • измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција (по скратена постапка),

  • финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година,

  • одобрување на годишната програма и финансискиот план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.

CATEGORIES
Share This