81 ГОДИНА ТЕАТАРСКА МАГИЈА – Првата реплика на македонски што ја промени историјата на театарот

МНТ слави 81 година, незаборавни моменти и омилени претстави.

81 ГОДИНА ТЕАТАРСКА МАГИЈА – Првата реплика на македонски што ја промени историјата на театарот
Фото: Принтскрин

Македонскиот народен театар (МНТ) слави 81 година постоење од изведувањето на првата претстава на македонски јазик, со што започнува континуираната работа на театарскиот ансамбл.

Првата реплика на македонски, „Сонцето, колку е блиску сонцето“, ја изговори актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 година, во претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук. Претставата беше во режија на Димитар Ќостаров, а преводот на македонски го изврши Блаже Конески.

Минатата година МНТ го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музичкиот проект „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ во режија на Дејан Пројковски. Проектот претставуваше аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност, како омаж за актерите, режисерите, драматурзите и сите професионалци што стојат зад кулисите.

Годинава во чест на 81-от роденден, МНТ организира гостувања на театри од регионот. Меѓу претставите се „Амадеус“ во режија на Александар Поповски, во изведба на Словенечкото народно гледалиште од Марибор, монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ инспирирана од романот „Маријиниот завет“, како и претставата „Другата страна“ на Црногорското народно позориште, во режија на Борис Лијешевиќ.

CATEGORIES
Share This