СКОПЈЕ ВО ФОКУСОТ НА ЕУ Кос и лидерите од регионот заедно за иднината
Посетата на еврокомесарката Кос беше најавена минатата недела од страна на Европската комисија, со цел директна дискусија со лидерите од регионот за имплементација на Планот за раст. На средбата ќе учествуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Македонија. Во рамки на посетата, таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје.
За денеска попладне е предвидена тет-а-тет средба меѓу еврокомесарката Кос и премиерот Мицкоски, по што ќе следи и билатерална средба со делегациите од останатите земји.
На дводневната лидерска средба се очекува присуство на премиери и високи претставници од земјите од Западен Балкан, министри, функционери од Европската унија, како и претставници на регионални и меѓународни организации.
Утрешната агенда предвидува одржување на два панела. Првиот ќе биде посветен на „Планот за раст на Западен Балкан“, на кој ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што е планирана заедничка прес-конференција. Вториот панел ќе се фокусира на конкретните механизми и поддршки за спроведување на Планот.