МАКЕДОНИЈА НЕМА ВТОРА ШАНСА Финансиската полиција открила криминал вреден 30 милиони евра

Да не се заборави дека борбата против криминалот не е борба на една институција. Тоа е борба за душата на државата, за заедничката иднина. Каква иднина ќе оставиме за нашите деца, зависи од тоа сега што ќе го направиме. А Македонија е уморна од чекање и нема втора шанса, ова всушност е последната шанса.

МАКЕДОНИЈА НЕМА ВТОРА ШАНСА Финансиската полиција открила криминал вреден 30 милиони евра
Фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, присутвуваше на отчетот на Управата за финансиска полиција во Клубот на пратеници. Во своето обраќање порача дека е охрабрен од резултатите на оваа институција, но и дека сака што помалку да има поединци кои ќе се обидат да ги злоупотребат народните пари. Мицкоски истакна дека при преземањето на одговорноста за управување со државата биле свесни за еден од најголемите предизвици – враќањето на правдата таму каде што била потисната и изградбата на институции кои нема да стравуваат, туку ќе постапуваат решително. Во продолжение инегралното обраќање на Мицкоски:

Почитувани присутни,

Драги пријатели,

Кога ја презедовме одговорноста за управување со државата, знаевме дека ќе мораме да се соочиме со еден од најголемите предизвици – да ја вратиме правдата таму каде што била протерана, да изградиме институции што не се плашат, туку делуваат.

Наша обврска е да воспоставиме систем кој ќе ги штити чесните, а ќе ги изведува пред лице на правдата оние што ја краделе државата. Денес, токму тука, испраќаме јасна порака – тоа време дојде.

Сериозен е податокот што од 1 септември 2024 до 10 јуни 2025 година, Финансиската полиција поднела 36 кривични пријави, со кои е откриена штета или е утврдена и противправна имотна корист во висина од речиси 30 милиони евра. Овие пари се на граѓаните, и ова е пример како се штити имоитот на државата.

Не заборавајте дека ние треба да служиме на граѓаните и на интересите на Македонија. Непристрасно, енергично и имаме мисија да ја преобразиме државата и да создаваме иднина каква заслужуваат граѓаните.

Овие пријави не се обични бројки – зад нив се кријат конкретни злоупотреби и поединци кои мислеле дека државата е нивен имот.

И во таа битка за правда нема партиска припадност нема етничка припадност. Правдата е слепа, но достижна.

И овие бројки се најсилен доказ дека државата се буди и дејствува. Нема веќе недопирливи. Нема веќе молк. Ова е ново време на одговорност.

Да не се заборави дека борбата против криминалот не е борба на една институција. Тоа е борба за душата на државата, за заедничката иднина. Каква иднина ќе оставиме за нашите деца, зависи од тоа сега што ќе го направиме. А Македонија е уморна од чекање и нема втора шанса, ова всушност е последната шанса.

Ние не градиме само економија и патишта – ние градиме правда. Ние не зборуваме само за развој – ние зборуваме за ослободување од стравот, од неказнивоста, од мафијата во клучните сектори.

На сите кои ја злоупотребиле довербата – им порачуваме: Ќе одговарате.

На сите кои чесно работат во институциите – им порачуваме: Продолжете храбро. Вие сте чувари на државата.

И на граѓаните – да знаете: Оваа Влада стои зад вас. Не зад криминалците. Не зад тајкуните. Туку зад секој човек што верува во правда.

Како што рекол Џон Кенеди:

„Корупцијата е најголемиот непријател на демократијата. Таа ја руши довербата и ја труе надежта.“

Ние сме тука да ја вратиме и довербата – и надежта.

Тоа што Управата за финансиска полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра е доказ дека за решеноста да расчистуваме со криминалот, и чекор напред дека ги градиме темелите на промените.

Нема назад. Македонија оди напред – како држава на ред, правда и одговорност.

Благодарам.

CATEGORIES
Share This