57 ЗАГИНАТИ УЧЕНИЧКИ ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ШКОЛО – За ова ќе има одговор, се закани иранскиот шеф на дипломатијата

Спасувачките тимови продолжуваат со операции, дел од ученичките сè уште се под урнатините.

57 ЗАГИНАТИ УЧЕНИЧКИ ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД НА ШКОЛО – За ова ќе има одговор, се закани иранскиот шеф на дипломатијата
Фото: Принтскрин

Бројот на загинати ученички во израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, во покраината Хормозган во јужен Иран, се искачи на 57, додека околу 60 лица се повредени, објавија иранските државни медиуми.

Според агенцијата Тасним, повикувајќи се на официјални извори, училиштето било погодено сред бел ден, кога во објектот имало голем број ученички. Претходните информации говореа за 42 жртви, но подоцна биле потврдени значително повисоки бројки.

Агенцијата ИРНА објави дека меѓу загинатите има десетици деца, а гувернерот на покраината, Мохамад Радмер, потврдил дека училиштето „Шаџареја Тајабех“ било директно погодено. Според него, спасувачките екипи продолжуваат со операции на терен, а дел од ученичките сè уште се под урнатините.

Иранските власти го осудија нападот како „брутална агресија“, додека од Израел засега нема официјален коментар.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, изјави дека нападот претставува „нелегитимно и неиспровоцирано злосторство“ и порача дека „овие злосторства нема да останат без одговор“. Тој ги обвини и Соединетите Американски Држави за соучество, критикувајќи го претседателот Доналд Трамп дека ја става политиката „Израел на прво место“.

Според локалните власти, безбедносната состојба во Минаб е ставена под контрола, додека спасувачките и хуманитарните тимови продолжуваат со интервенции на местото на нападот.

CATEGORIES
TAGS
Share This