56 ГОДИНИ НО СОВРШЕНА – Лопез блесна во домашна теретана
Следбениците ја пофалија нејзината фигура, но не недостасуваа и критики.

56-годишната пејачка и актерка Џенифер Лопез позираше во спортски сет во бордо боја, составен од краток топ со долги ракави и хеланки во иста нијанса, кои ја истакнуваа нејзината совршено извајана фигура.
На трите фотографии, направени со мобилен телефон во модерно уредена домашна теретана, Лопез позира пред огледало со минимална шминка и без филтри, додека кратко напиша: „Останете едноставни“.
Објавата предизвика мешани реакции кај нејзините следбеници. Некои ја пофалија, пишувајќи: „Тоа е тоа. Големата Џени од Блокот, а не малата верзија“, додека други ја бранеа од критики: „Колку и да ја мразат некои луѓе, никогаш нема да ја видите скршена, запоставена или апатична“.
Коментарите изобилуваа со комплименти: „Прекрасна“, „Супер беше“, „Кралицата“. Сепак, имаше и такви кои сметаа дека премногу се труди да го одржи својот младешки изглед: „Таа толку многу се труди да изгледа како да има 23 години“. Некои се изненадија од нејзината возраст: „Речиси 60, ахахаха, Боже мили“, но веднаш се појавија и поддржувачи кои застанаа во нејзина одбрана.


