45 ГОДИНИ ПОДОЦНА Изложба за животот и борбата на Владимир Полежина

Изложбата е реализирана во соработка со семејството Полежина и ќе биде отворена за јавноста до средината на август.

45 ГОДИНИ ПОДОЦНА Изложба за животот и борбата на Владимир Полежина
Фото: Принтскрин

Изложба по повод 45 години од смртта на Владимир Полежина ќе биде отворена во понеделник, 16 јуни, во 19:30 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.

Автор на поставката е м-р Илија Василески, водич-историчар во музејот. Изложбата го претставува животниот пат и делото на Владимир Полежина (1912–1980) преку оригинални фотографии, документи, лични предмети, неговото лично досие од Управата за државна безбедност на поранешна Југославија, како и досега необјавени архивски материјали.

Посетителите ќе имаат ретка можност да се запознаат со улогата на Полежина во втемелувањето на македонската држава и неговото значајно учество во историските процеси.

Истакнат интелектуалец, доктор на правни науки дипломиран на Сорбона во Франција, Полежина е учесник во Народноослободителната и антифашистичката војна, член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија и на Македонија до 1951 година, делегат на Првото заседание на АСНОМ и учесник на Второто заседание на АВНОЈ. Подоцна, неговата биографија била обележана со репресија по линија на Информбирото.

Изложбата е реализирана во соработка со семејството Полежина и ќе биде отворена за јавноста до средината на август.

CATEGORIES
Share This